За ноемвриското издание на списанието, 44-годишната пејачка позираше во модели од модните куќи Saint Laurent, Solid & Striped, Stella McCartney и Alix NYC, како Tiffany & Co. и Rosantica.

Запрашана што ја радува во овие тешки времиња, Шакира одговорила дека тоа се нејзините нови хобија, скејтбординг и сурфање:

-Овие нови хобија кои никогаш не помислував дека ќе можам да ги практикувам подоцна во животот – скејтбординг и сурфање – тие се многу терапевтски и ми го ослободуваат умот. Не сум добар сурфер, започнав да сурфам пред една година и е спорт во кој многу тешко можеш да напредуваш. Неверојатно е колку големо задоволство наоѓам во тоа. Сите мои неволји се мијат со брановите. Има нешто во океанот и во солта и во ветерот што ги лекува сите мои рани. Открив дека тоа е мојата лична медитација, но не би било лошо да ја практикувам и онаа вистинската. Мислам дека имам потреба од тоа.