– Оваа домашна компанија покажува дека е возможно да се пробиете на НАТО пазарот дури и пред државата да стане членка на НАТО Алијансата. Заедно со сопственикот, нашиот реномиран бизнисмен од „Везе Шари“, зборувавме дека постојат начини како државата и понатаму може да им помага на ваквите производители со нашето членство во НАТО да бидат поамбициозни, навистина да отворат нови врати и да овозможат поголем износ и поголемо производство, а тоа значи и повеќе работни места дома кај нас. Тоа е целта на нашиот Центар за поддршка на домашните компании, изјавила министерката Шекеринска.
Таа уште еднаш ги повика домашните компании да се пријават, да ги искористат предностите кои што им се даваат, а тоа е пред сè една брза и ефикасна процедура.
– Покажавме дека за само неколку дена можеме и официјално да им ги отвориме вратите на НАТО пазарот и со квалитетот на своите производи, со конкурентната цена да победуваат на овие тендери, рече министерката, се наведува во денешното соопштение од МО.
Шекеринска упатила порака дека Владата е целосно отворена кон агро-бизниснисот и оти ќе продолжи да помага на сите домашни производители да го рашират бизнисот и да отворат нови работни места.
– Го поздравувам пристапот на Министерството што овозможува на нашите компании да може да извезуваат на НАТО пазарите и ги охрабрувам сите бизнисмени дека не е толку тешко за да можеме да го снабдуваме НАТО. Ние како компанија уште во 2013 година имаме дозвола за снабдување во НАТО со нашите производи и овој чекор кој го презема Министерството е многу добар и се надевам дека што побрзо повеќе компании ќе ги гледаме на листа на НАТО пазарите, изјавил Абдурахмани, стои во соопштението од МО.