Но, постојат три вида на наметка, хиџаб,никаб и бурка и меѓу нив има големи разлики.
Хиџабот е наметка што жените традиционално го носат во присуство на возрасни мажи надвор од нивното потесно семејство, а служи за покривање на главата, косата и вратот.
Никабот е превез кој го покрива лицето но е отворен во пределот на очите, но може да се носи и со посебна мрежа за очи.
Бурката е најзатворен од сите превези и се состои од еден дел кој ги покрива и лицето и телото, често со тесна мрежа во пределот на очите.