Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конференција го повика Јон Фрчкоски да одговори дали користи кокаин и дали е подготвен да направи јавен нарко тест?
Низ социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии како Јон Фрчкоски, синот на Љубомир Фрчкоски „шмрка бело“. Она што дополнително загрижува е дека тоа го прави додека е на работното место како директор на ПУИК.
Синот на Фрчко шмркал бело на работно место како директор во ПУИК
Повеќе погледнете од фотографиите во продолжение:


Со голема шокираност ја примивме информацијата која се појави на социјалните мрежи каде што се гледа дека функционерот и директорот на Центарот за истражување и анализи на СДС, Јон Фрчкоски, користи бели наркотични супстанци. Не знаеме дали e навистина тоа, но поради јавниот интерес граѓаните заслужуваат одговори, изјави Петрушевски.
Инаку Јон Фрчкоски е син на Љубомир Фрчкоски, поранешен министер во владите на СДС.
Бране Петрушевски го опиша Фрчкоски како „несуден дипломат и еден од татковците на криминалната транзиција“.
Јон Фрчкоски се јави со реакција
Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски објави дека се повлекува од функцијата во партијата, по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека бил виден како користи кокаин и го повикаа да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци.
„Ниско и нечовечно е да се дефокусира јавноста за катастрофалниот начин на којшто се води истргата за трагедијата во Кочани во која згаснаа животите на 59 луѓе. Тоа зборува за ДПМНЕ но јас нема да дозволам да бидам месо за јавен линч. За грешките од минатото и слабостите во младоста не се гордеам, но нема да бидат товар за СДСМ, партијата којашто ги разоткрива сите криминали на ДПМНЕ.