Екипите на Град Скопје од утринските часови започнаа со расчистување на дивата депонија лоцирана на самиот излез од главниот град. За теренската акција јавноста беше информирана преку социјалните мрежи од страна на Орце Ѓорѓиевски.
Тој упати директен апел до сите граѓани да се однесуваат одговорно и совесно да ги чуваат јавните површини, потенцирајќи дека последиците од неодговорното однесување паѓаат на товар на целото општество.
„Ова е штета што ја плаќаме сите! Апелирам до сите граѓани: однесувајте се одговорно и чувајте ги јавните површини. За оние што продолжуваат да создаваат депонии, нема да има толеранција! Да го чуваме Скопје!“, напиша Ѓорѓиевски.
