Работна сабота денес во Гази Баба, напиша градоначалникот Бобан Стефковски.
Во текот на целиот ден екипи на ЈКП Гази Баба работеа во повеќе населени места низ Гази Баба.
Заедно со вработените од ЈКП бев во ,,Кадриово маало’’ каде што се расчистуваше дивата депонија.
Освен во Кадриово маало, денес ги превземавме и следните активности:
👉 Чистење на паркови во Автокоманда
👉 Чистење на дива депонија во Кирил Петрушевски
👉 Чистење на јавни површини во Идризово
👉 Поставување корпи за отпадоци во Дрма
👉 Поставување на клупи во Хиподром 2
👉 Уредување на паркот пред Црквата Св. Кузман и Дамјан во Триангла.
Гази Баба се менува.
Екипите се на терен и се постапува по барањата на граѓаните.
Општина Гази Баба ќе биде еколошки чиста општина!🌲🌳, објави градоначалникот на социјалните мрежи.