Интервентната и цивилната полицијата се судриле со челниците на турските синдикати и другите демонстранти фрлајќи ги на земјата пред десетици од нив да приведат во близина на истанбулскиот плоштад Таксим, според информациите, снимките и фотографиите во медиумите.
Кабинетот на гувернерот на Истанбул објави дека на некои синдикати им било дозволено да одржат собири во спомен на одбележувањето на празникот на трудот, додека оние кои се „собрале незаконски“, кршејќи ги притоа рестриктивни мерки за епидемиолошкото затворање на градот и игнорирајќи ги повиците да се разотидат, биле уапсени.
Дражавната новинска агенција Anadolu наведува дека 20 демонстранти биле приведени во западниот град Измир.
Со цел да го сузбие ширењето на коронавирусот, Турција оваа седмица го усвои 17-дневното делумно затворање. Контиунираното заклучување до 17-ти мај ќе значи затворањето на училиштата и ограничувањето на меѓуградскиот сообраќај. Секој обид за излегување од постојаното место на живеење или од матичниот град мора да го одобрат локалните власти, а сите училиште ќе минат на онлајн настава. На новите ограничувања не подлежат единствено фабриките и секторите за производство за храна.
Локалните медиуми известуваат дека полицијата во Истанбул и Анкара се обидувала да го оневозожат нимањето на првомајските демонстрации и приведувањата. Во петокот турските медиуми објавија дека полицајците добиле упатстава да ги спрчат лицата кои ги снимаат силите за зачувување на редот додека се на должност.
Критичарите го сметаат овој потег, кој е сличен на законот кој предизвика контроверзии и протести во Франција, е незаконски и оценуваат дека со него се кршат правата на граѓаните. Турската полиција не ги коментираше овие медиумиски извештаи. Синдикатот на вработените во печатот DISK на Twitter објави дека „полицијата ги блокира“ новинарите кои ги снимаат првомајските насстани, додавајќи дека „полицскиот циркулар не може да го спречи“ известувањето.