По медиумските објави: Саит Саитов го исчистил Инстаграм профилот и го сменил корисничкото име

Не помина ниту еден час откако повеќе медиуми, меѓу кои и Радио Лидер, објавија дека Саит Саитов на својот Инстаграм профил споделувал снимки од опасно и брзо возење без возачка дозвола, на неговиот профил биле забележани серија промени.

ШОКАНТНО ВИДЕО: Тинејџерот кој ја уби жената во Капиштец на Инстаграм се фалел како вози лудо!

Избришано „стори“ и променет идентитет на профилот

Саитов ги отстранил сите претходно објавени и зачувани „стори“ содржини, го избришал описот на профилот, а потоа го сменил и корисничкото име. Новото корисничко име под кое сега се појавува на социјалната мрежа гласи „1737dhxhahdhx“.

Ова се видеата кои Саит ги брише.

Реакција по медиумските наводи

Овие потези следуваат веднаш по медиумските објави во кои беше посочено дека токму преку социјалните мрежи јавно се фалел со брзо и ризично управување на возило. Според достапните содржини, тој уште на 17-годишна возраст непрописно управувал „пасат“, редовно објавувајќи видеа од возење над дозволената брзина.

Потерница и детали за несреќата

Со истото возило „фолксваген пасат“, според официјалните информации, Саитов ја прегазил Љуба Јаковлеска. Тој се наоѓа во бегство, а Министерство за внатрешни работи претходно распиша централна и меѓународна потерница по Саит Саитов (18) од Скопје, по барање на Основно јавно обвинителство Скопје, за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.

Сообраќајната несреќа се случи на 9 јануари на улицата Народен фронт во Скопје, кога 18-годишникот со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки удрил во 79-годишна жена, која подоцна почина од здобиените повреди. Возачот по несреќата избегал од местото на настанот.