Денес присуствувам на изложба пред Владата наречена Искреност.Најдесно од мене се гледа колку искрено експремиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев ни го соопштуваше датумот за почеток на преговори со ЕУ, кој освен фото можност и купи ден продај политика не се материјализираше во ништо друго. Ги гледавме во авиони како се сликаат, на социјалните медиуми, пред граѓаните во Шуто Оризари како лажат и предаваат, изјави денеска за медиумите Борис Шамбевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
– До неа е изјавата на премиерот Ковачевски за јазикот кој повторно исто како неговиот претходник искрено пред македонската јавност изјави дека јазикот е заштитен, за само по неколку дена портпаролката на ЕК и министерката за надворешни работи на Бугарија да го демантираат. Повторно само лаги и предавства. До неа е изјавата на премиерот Ковачевски за историјата за која искрено тврдеше дека нема да биде дел од преговарачката рамка за потоа да видиме во протоколот кој го потпиша неговиот министер Бујар Османи дека е сосема спротивно на тоа што го тврдеше Ковачевски. Повторно лаги и предавства. И сосема на крај е изјавата дека почнуваме со преговорите за после само неколку дена министерката Генчовска да каже прво Бугарите во Уставот па Македонија ќе ги почне преговорите. Повторно лаги и предавства, појасни Шамбевски.
Тој додаде дека останува прашањето, ако се исто толку посветени на државните интереси колку што се искрени дали на некому се уште му е нејасно зашто македонскиот народ ги нарекува предавници?