Распеаниот лидер на ДУИ, Али Ахмети денеска е мета на критики, но и сатирични коментари за неговото пеење по повод 65-от роденден. Мандолините и тројцата музичари направија атмосфера во просторијата која повеќе личеше на ресторан или чајџијлница отколку на владин кабинет.

За роденденот на Ахмети каде како сликар се појавува Артан Груби, а за ова Твитер заедницата беше доста креативна.

„Итно да се укине министерството, за нив законот не важи, се гледа и дим од цигара“

Твитерџиите „Кој пее – зло не мисли“ и „Се срамам кај живеам“, но велат и дека станува збор за потег кој воопшто не доликува на функционер. За димот има сатирични коментари дека станува збор за прочистувач на воздух.

Освен твитер заедницата, реагираше и ВМРО-ДПМНЕ.

„Си пеат, мака немаат додека народот плаче поради нив. Имаме премиер кој по вински саеми пее, и друг лидер на власта кој по кабинети пее. Можеби затоа Дрин Ахмети купил огномет. Прашањето е кој всушност работи во оваа влада? Да беше нормална владата денес Груби ќе си поднесеше оставка поради журката во кабинет, а инспекторатот ќе поднесеше пријави поради кршење на законите и правилата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение може да го погледнете и видеото каде пее Ахмети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Скопје1 / Skopje1 (@skopje1mk)