Вечерната магија на Старата чаршија во Гевгелија, со прекрасни фотографии ја покажа вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Драго ми е што заеднички направивме се да се реализира овој проект кој го враќа сјајот на Гевгелија. Ја градиме Македонија, посочи тој.

Денес заедно со премиерот Христијан Мицкоски, Николоски присуствуваше на настан каде свечено беше пуштена во употреба реставрираната стара чаршија во Гевгелија.

Со проектот, просторот на чаршијата доби партерно уредување и фасадирање на дуќаните, како и хортикултурно уредување и поставување на ново осветлување.