Новогодишната атмосфера во главниот град почна да се чувствува во Општина Аеродром. Откако градоначалничката Данела Арсовска потфрли и повторно не го украси Скопје, скопјани во новогодишната магија може да уживаат во скопски Аеродром на паркингот кај спортскиот центар Јане Сандански.

Настанот под име „Зимзоленд” ги забавува граѓаните преку повеќе активности како лизгалиште, настапи и караоке шоу во живо, повеќе диџеи, но и тематски вечери како што се латино хип-хоп вечери и македонски народни вечери.

На настанот има забава за сите генерации, а секако најрадосни се најмладите кои се редовни пред спортскиот центар Јане Сандански. Уживаат во игрите, лизгалиштето, новогодишната елка, луна паркот и сите реквизити.

Во продолжение може да погледнете фотогалерија од настанот:

Настанот ќе трае до празникот Водици којшто е на 19 јануари. До тогаш, скопјани и аеродромци ги очекува многу забава во новогодишен и божиќен дух.