Безбедната зона ќе биде под контрола на ОН и ќе нуди засолниште за луѓето што се обидуваат да го напуштат Авганистан, јави Би-Би-Си.

– Не можам да видам кој би можел да се спротивстави на овозможување безбедност на хуманитарните операции, рече францускиот претседател Емануел Макрон за време на посетата на Мосул во Ирак.

Ситуацијата во Авганистан ќе биде централна тема на утрешниот останок на амбасадорите на Велика Британија, Франција, САД, Кина и Русија во ОН.

Макрон вчера рече дека Франција води прелиминарни разговори со талибанците за хуманитарната ситуација и можната евакуација на повеќе луѓе.

Како и Велика Британија, Франција е една од бројните западни земји што завршија со евакуација од Кабул.