Франција беше меѓу десетина земји кои престанаа да ја користат вакцината на „Астра зенека“ на почетокот на оваа недела, по извештаите за згрутчување на крвта кај неколку луѓе кои неодамна биле вакцинирани со неа.
Сепак, Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера објави дека вакцината е безбедна и дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците, потсетува „Ројтерс“.
ЕМА исто така ја идентификуваше можноста за зголемен ризик од тромбоза кај лица помлади од 55 години, објави Француската национална здравствена агенција (ХАС).
„ХАС препорачува употреба на вакцината на ‘Астра зенека’ во оваа фаза само кај лица постари од 55 години, кои го претставуваат мнозинството приоритетни луѓе, според ХАС