Неколку службеници во француската влада останале без работа откако биле позитивни на тестови за дрога, спроведени во рамки на новата програма за проверка на министри, високи функционери и државни службеници.

Францускиот премиер Себастијан Лекорну изјави дека дел од тестираните лица имале пристап до исклучително чувствителни информации, поради што мерката била воведена од безбедносни причини.

„Многу луѓе велат дека го направив ова за да дадам пример. Тоа е вистина. Но, го направив првенствено од безбедносни причини. Многумина од службениците кои биле тестирани имале пристап до исклучително чувствителни информации“, рече Лекорну.

Во средината на јуни премиерот нареди ненадејно задолжително тестирање за присуство на дрога преку плунка. Мерката ги опфати членовите на владата, високите државни функционери и другиот персонал кој поседува безбедносен сертификат.

Лекорну објасни дека целта на проверките е да се зголеми кредибилитетот на владата во борбата против криминалот поврзан со дрога, но и да се намалат безбедносните ризици кај лицата кои работат со доверливи податоци.

„Тестирањето ќе продолжи на случајна основа, нема да биде еднократна мерка“, порача францускиот премиер.