Откако пред два дена беа пуштени во продажба, билетите за македонските навивачи на стадионот во Прага каде на 14 октомври Македонија ќе игра против Украина во квалификациите за ЕП 2024 се комплетно распродадени.

Од Фудбалската федерација на Македонија информираа дека билети за македонскиот сектор на стадионот во Прага веќе нема.