Барања за нови административци државната служба има низ Скопје и низ неколку други градови.
Она што паѓа в очи е што под точката „Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 год.“ се бара вработување на Албанец/ка во град во кој нема албанско население, Берово исто така и во Гевгелија и во Делчево каде што бројот на албанско население е под 10. Албанска националност е потребна и за пополнување на местата во Битола, Тетово, Струга и Скопје.
Во условите за вработување во ФЗОМ во Виница и Демир Хисар е наведено апликантот да е Турчин/ка, во Крушево се бара Ром/ка, а во Прилеп Србин/ка.
Македонец/ка е потребен само во Охрид.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.
Целиот оглас погледнете го тука.