ГЕРБ -СДС би освоила 21,4 отсто од гласовите, коалицијата на двајцата поранешни привремени министри Кирил Петкови и Асен Василев „Промената продолжува“ ќе биде втора и ќе добие – 15,2 отсто, БСП на Корнелија Нинова – 13, 4 отсто, Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов – 12,3 отсто, Демократска Бугарија, на Христо Иванов – 12,1 отсато, ДПС – 11,4 отсто и Исправи се Бугарија. Доаѓаме – 4,1 отсто.

Под изборниот цензус од четири отсто за влез во Националното собрание останува проруската партија „Преродба“ на Костадин Костадинов со 3,3 отсто, и на ВМРО со 2,2 отсто.

Анкетата јасно покажува како се одразува појавата на новата политичка формација на двајцата поранешни привремени министри. Во моментов, инерцијата на новодојдените ја предизвикува поддршката на добро познатите партии и создава најдинамични перспективи за „Промената продолжува“. Таа покажа дека 50,6 отсто од анкетираните избирачи навеле дека би гласале на 14 ноември, додека 22,6 отсто дека најверојатно би гласале. Тоа значи дека интересот за избори расте.

Податоците се добиени од телефонска анкета, спроведена помеѓу 21 и 26 септември меѓу 2.000 возрасни бугарски државјани.