На 26 јуни во Скопје ќе се одржи втората парада на гордоста, собирањето на учесниците на парадата ќе биде од 10 до 12 часот на 26 јуни во Жена парк, од каде тие ќе се движат по улиците, ќе поминат покрај Владата и крајната точка е Школка во Градскиот парк, каде ќе почне прославата со цел да испратат пораки за тоа што го бараат и што е приоритет на луѓето од ЛГБТИ и да покажат дека ги реафирмираат надежите за посолидарно, похумано, поправедно општество.

Активистите најавија дека Васил Гарванлиев по геј парадата во Бугарија ќе запее и на геј парадата во Скопје.

– Оваа година прајдот ќе го отвори претставникот на Евровизија од државава, Васил Гарванлиев, по што ќе следат говори од активисти, а ќе има и музичка програма, додаде една од активистите.

Васил Гарванлиев викендов запеа на геј парада во Бугарија во интервју за БГНЕС рече дека сонувал да пее со бугарски пејач.