Нашиот претставник на годинашното издание на Евровизија, Васил Гарванлиев кој викендов запеа на геј парада во Бугарија во интервју за БГНЕС рече дека сонувал да пее со бугарски пејач.

-Не само што мислам, туку и сонувам дует со бугарски уметник, изјави пејачот Васил Гарванлиев, кој ја претставуваше Македонија на годинашното издание на Евровизија.

Тој рече дека веќе преговара со неколку изведувачи меѓу кои и Викторија, бугарската претставничка на Евровизија.

-Ја почитувам бугарската музика, имате прекрасна традиција, прекрасни гласови. Исто така, постојат фантастични гласови во класичната музика…

Гарванлиев е оптимист во врска со односите меѓу Бугарија и Македонија.

– Постојат негативни работи, но ајде да се фокусираме на добрите, вели Гарванлиев.

За неговиот настап на Евровизија вели дека е многу задоволен, дека сакал да ја претстави Македонија во најдобра светлина и дека е горд на песната…