– Училиште во кое што ќе направиме напори во наредната учебна година да воведеме целодневна настава и целодневен престој на нашите најмали дечиња, затоа што тоа е едно најглавните приоритети на нашето население, нашите сограѓани, кое што ги ветивме во изборната кампања. И сега од наредната учебна година ќе можеме и да го овозможиме истото. Исто така од наредната учебна година овдека во ова основно училиште ќе направиме и сензорна соба за дечињата со попреченост што е новитет кој што досега го немало во нашата општина и во нашите основни училишта. Се надеваме дека на тој начин и за најмладите ќе им искочиме во пресрет особено родителите кои што ете исто така се ставени во една одредена позиција во нашата општина. Сега ќе имаат можност и тие дечиња за еден правилен развој и нивно интегрирање во заедницата, истакна тој.
Георгиевски: Ново училиште во Илинден и воведување на целодневна настава од наредната учебна година
Г
Денес имаме чест претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да ни биде гостин, господинот Христијан Мицкоски и да извршиме увид во изградбата на новото училиште тука во Илинден во склоп на училиште „Гоце Делчев“, изјави денеска за медиумите градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.