Според Љубчо Георгиевски ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на следните избори, но пред нив ќе се постават две крупни прашања.
Во денешното гостување на „Златев поткаст“ Љубчо Георгиевски на новинарско прашање кој би бил победник на следните избори вели дека според анкетите тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на следните избори. Второ прашање е дали тие ќе формираат влада. Да речеме и да победи пред нив ќе се постават две крупни прашања во самиот старт: Што со Преспанскиот договор и што со Францускиот договор? Како таа партија ќе одговори на ова кога и на двете прашања на своите гласачи им ветува цврста политика ревизија и промени, прашува Георгиевски.
Околу терминологијата на државата тој вели дека секогаш користи Македонија.
Јас секогаш користам само Македонија. Не ми пречи да кажам и Северна Македонија, не мислам дека тоа е нешто страшно.
Георгиевски вели дека е можно сите албански партии да бидат од другата страна, па затоа можеби би било тешко е ВМРО-ДПМНЕ да направи коалиција.