Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Черашченко, попладнево изјави дека руските сили влегле во областа Чернобил.
-Во борбите можеби е оштетен и објектот за складирање нуклеарен отпад, изјави советникот, а јави дописникот на американската телевизија Ен-Би-Си, Ричард Енгел.
„Тие, додаде Герешченко, влегоа во зоната на Чернобил од територијата на Белорусија“.
Советниокот додава дека украинската Национална гарда продолжува да ги штити небезбедните радиоактивни извори.
-Доколку артилерија ги погоди складишта за нуклеарен отпад, радиоактивната прашина ќе ја покрие цела ЕУ, рече тој.
Еден нуклеарен реактор во централата во Чернобил во 1986 година експлодира и притоа со радиоактивен прав зафати поголем дел од Европа.