Герасимовски фокус даде на инвестициите во атмосферската канализација и реконструкцијата на улици во општините,во силното вложување на изградба на велосипедски патеки, реконструкција на тротоари.
-Во општина Центар комуналната инфраструктура ја ставаме во фокусот на програмата преку планско зајакнување на капацитетите на јавните градски и комунални претпријатија. Комуналното претпријатие ПОЦ во Центар станува и комунално претпријатие со нови 130 вработени кои ќе сегрижат за јавната хигиена.
Чентар е срцето на градот, Центар мора и треба да биде чист, затоа воведуваме “маалски патроли” за поголема безбедност и грижа за јавните површини. Ќе извршиме мапирање на критични локации и нивно почесто третирање, во соработка со ГрадСкопје. Ќе поставиме нови корпи за отпадоци и контејнери со поголеми капацитети за собирање отпад на локациите кои сепофреквентни, ќе поставиме подземни контејнери секаде низ општина Центар и ќе дадеме поддршка за хигиена во подземните гаражи“, изјава Герасимовски.
Тимот кој го создава СДСМ рече Герасимовски има вистинската формула за заеднички успех и на општините и на градот Скопје! „Граѓаните тоа го препознаваат и затоа и на овие локални избори ќе ја направат разликата и ќе одлучат дека СДСМ и коалицијата се најдобрата опција, заврши Герасимовски.