Договорот со Германската фудбалска асоцијација ќе биде на четири години

Јирген Клоп ќе ја преземе германската фудбалска репрезентација со четиригодишен договор, кој ќе важи до завршувањето на Светското првенство во 2030 година.

Иако ќе седне на клупата на „панцерите“, германскиот стратег ќе прифати значително помала заработувачка во споредба со сегашниот ангажман.

Во моментов, поранешниот менаџер на Ливерпул заработува речиси 12 милиони евра годишно во „Ред Бул“, додека како селектор на Германија ќе добива плата која е само малку повисока од онаа што ја имаше неговиот претходник Јулијан Нагелсман.

Ќе заработува нешто повеќе од Нагелсман

Нагелсман, додека беше селектор на германската репрезентација, имаше годишна плата од околу седум милиони евра, а според информациите, Клоп ќе добива нешто повисок износ, но значително помал од сегашната заработувачка во „Ред Бул“.