Ние, меѓународните партнери, посветени на поддршката на Мали и неговиот народ во нивните напори за постигнување одржлив мир и стабилност и во борбата против тероризмот, силно го осудуваме распоредувањето на платеници на територијата на Мали, се вели во соопштението на трите држави.

Длабоко жалиме за изборот на преодните власти на Мали да ги искористат и онака скудните јавни средства за плаќање на странски платеници наместо да ги поддржуваат вооружените сили и јавните служби на Мали, за да имаат корист за народот на Мали, се вели во соопштението, потпишано од вкупно од 16 земји.

Во него, државите велат дека се свесни за вмешаноста на руската влада во обезбедувањето материјална поддршка за распоредувањето на Вагнер во Мали.