Германскиот министер ја нарече одлуката на УЕФА „крајно неодговорна“.

– УЕФА се води од комерцијални причини, кои не би требало да бидат над здравствените проблеми, изјави Зехофер.

Тој истакна дека одлуката да се играат натпревари пред 60.000 гледачи, колку што УЕФА дозволи на лондонскиот стадион „Вембли“ за самата завршница на ЕУРО2020, неизбежно ќе води кон раст на бројот заразени со коронавирус, особено поради брзото темпо со кое се шири делта сојот.

Шкотските власти пријавија вчера речиси 2.000 случаи на коронавирус поврзани со натпреварите на ЕУРО2020, додека Финска објави дека околу 300 луѓе биле позитивни на вирусот, откако се вратиле од Санкт Петерсбург каде го следеле натпреварот на финската репрезентација.