Здравствените придобивки биле најизразени кај луѓето кои пиеле мелено кафе во споредба со оние кои пиеле инстант кафе. Ова истражување дава нови докази и придонесува за теоријата дека кафето е добро за здравјето на црниот дроб.

Истражувачите анализирале здравствени податоци на 495.585 луѓе кои биле следени десетина години. Од таа група, 78 проценти конзумирале мелено кафе со кофеин, инстант кафе или кафе без кофеин, а 22 проценти не конзумирале кафе.

За време на студијата, имало 3.600 случаи со хронично заболување на црниот дроб или стеатоза, акумулација на маснотии во црниот дроб. Исто така, биле забележани 184 случаи на хепатоцелуларен карцином, рак на црн дроб.

Оние кои пиеле кафе имале 21% намален ризик од развој на хронично заболување на црниот дроб и за 20% помал ризик од замастен црн дроб. Учесниците во истражувањето кои пиеле кафе, исто така, имале 49% намален ризик од смрт од хронично заболување на црниот дроб.

Здравствените придобивки биле најизразени кај оние кои пиеле мелено кафе со кофеин. Иако инстант кафето и кафето без кофеин се поврзани со здравствени придобивки, меленото кафе има најголеми ефекти.

Според истражувачите, меленото кафе содржи највисоки нивоа на кахвел и кафестол – две состојки за кои се смета дека штитат од заболување на црниот дроб. Здравствените придобивки биле намалени со четири до пет шолји кафе на ден.

Истражувачите велат дека кафето потенцијално може да се користи како начин за намалување на ризикот од развој на заболување на црниот дроб.

– Иако тоа беше покажано и во претходните истражувања, се чини дека овој труд е најубедливиот доказ до сега дека потрошувачката на кафе е поврзана со намалување на смртноста предизвикана од црниот дроб кај популацијата, вели д-р Озеф Лим, хепатолог од „Yale Medicine“ и професор на Медицинскиот факултет „Јеил“.

Според д-р Тамар Тадеи, хепатолог и професор на Медицинскиот факултет „Јеил“, навистина е тешко да се прецизира точно како и зошто кафето се бори против заболување на црниот дроб.

– Може да има антиинфламаторни или антифиброзни својства, два главни и меѓусебно поврзани патеки до заболување на црниот дроб и рак на црниот дроб, вели Тадеи.

Во игра може да има и други фактори кои сè уште не се идентификувани.

Секако, потребни се повеќе истражувања за да се испита како кафето, заедно со начините на неговото производство, може да ги подобри здравствените резултати кај луѓето со заболување на црниот дроб.