Тој со Советот ќе раководи во наредните 12 месеци од која позиција ќе ги координира сите активности на ова тело кое ќе ги носи одлуките од регионално значење за овој дел од државата.

Вака одлучија градоначалниците на 10-те општини од овој дел на Македонија, кои довербата за претседател му ја дадоа на првиот човек на Гевгелија.

-Заедно треба да вложиме многу енергија и да направиме подобра иднина во нашиот регион. Очекувам добра соработка и честа комуникација со цел да реализираме што повеќе проекти а сите проблеми на нашите граѓани да ги решаваме со најдобри можни решенија. Основна задача ќе ми биде, да бидеме транспарентни и отворени кон сите наши сограѓани од 10 те општини од регионот, кажа новоизбраниот претседател на Југоисточниот плански регион Сарамандов.