Груби и претставниците на заедницата ги повикаа сите масовно да се регистрираат на пописот.
-Преку оваа средба, Груби и претставници на турската заедница го повикаа населението масовно да се регистрира бидејќи е важно секој граѓанин и заедница да се регистрира, додека преку личности кои имаат влијание врз општеството да му се пренесе пораката на секој граѓанин за важноста на овој процес, соопштија од Кабинетот на вицепремиерот.
Вицепремиерот Груби изрази отвореност за соработка со турската заедница и сите заедници во Република С. Македонија, се додава во соопштението.