Новак Ѓоковиќ изјави дека не е изненаден што повеќето негативни коментари на социјалните мрежи се за него.
За време на Ролан Гарос организаторите преку апликацијата Bodyguard решија да им овозможат на играчите заштита од навредливи содржини со постојано следење и отстранување на навреди
Според истражувањето на World Sports Network, секој петти твит што некој го пишува за Новак Ѓоковиќ е негативен. Новак често го нарекуваат „себичен“, додека некои „се надеваат дека никогаш повеќе нема да освои грен слем трофеј“.
„Дали тоа те чуди?“, на што Новак одговори контрапрашање: „Искрено, би бил изненаден да беше поинаку. Знаете како велеше Коби Брајант: ‘Супер е кога некој те мрази, затоа што не се мразат добрите, туку најдобрите’. Не мразам никого, така ги воспитувам моите деца. Омразата е ужасна емоција“.
Ѓоковиќ истакнува дека не заслужува некој да го мрази.
„Не би променил ништо во мојот живот, секогаш правев сѐ најдобро што можев во дадениот момент. Направив многу грешки, но барем бев автентичен. Сто пати повеќе би сакал да бидам свој отколку да одам заедно со системот, кој се чини дека е популарен овие денови“.
Во второто коло на Ролан Гарос, Ѓоковиќ во среда се среќава со Мартин Фучович, Унгарецот кого го победи на сите четири претходни средби.
„Многу физички силен и фит тенисер, комплетен, одличен повратник, солиден на двете страни. Нема многу дупки во неговата игра. Игра доста чисто, многу е сестран, може да игра на многу високо ниво и тоа го докажа во текот на кариерата“, заклучува Новак.