– Жалам што нема да можам да настапам и да ги видам своите навивачи во Индијан Велс, моето омилено место. Се надевам дека ќе се видиме догодина, напиша Ѓоковиќ на својот Твитер профил.
Повеќе српски медиуми вчера го навестија ваквиот епилог, наведувајќи дека Ѓоковиќ се наоѓа во Белград, и од сè уште непознати причини, не тренира.
По официјалната објава од Ѓоковиќ, се огласи и Томи Хас, поранешниот успешен тенисер, а денес директор на турнирот во Индијан Велс.
– Разочарани сме поради тоа што Ѓоковиќ нема да биде со нас оваа есен. Но, се надеваме дека ќе се видиме идната година, изјави Хас.
Индијан Велс традиционално се одржува во воведниот дел од сезоната, но годинава поради пандемијата на коронавирус беше поместен за втората половина од 2021 и ќе се одржи од 7 до 17 октомври.