Покрај тоа што е неверојатен на тениските терени, тој покажува дека е многу скромен и нормален дечко и надвор од нив.
По првиот тренинг кој го одржа во Токио, тој слободното време го искористи како би се дружел со спортистите од регионот во олимпиското село. Покрај дружбата со неговите сонародници од Србија и дел од македонската експедиција имаше можност да се запознае со најдобриот тенисер во светот.
Македонскиот пливач Филип Деркоски на социјалните мрежи сподели фотографија со Новак Ѓоковиќ.