На актуелниот бранител на трофејот во Вимблдон му беа потребни два часа и 47 минути игра за да го совлада Шаповалов и да дојде до својата 20-та победа во исто толку натпревари на грен-слем турнирите во оваа година.
Противник на Ѓоковиќ во завршницата на грен-слем турнирот во Лондон ќе биде деветтиот тенисер на АТП листа Матео Беретини, кој претходно денеска со 3:1 во сетови го совлада Полјакот Хуберт Хуркач и стана првиот Италијанец во историјата, кој ќе настапи во машкото финале на Вимблдон.
Дуелот Ѓоковиќ – Беретини ќе се игра в недела со почеток од 15 часот.