Протестите веќе 5 ти ден кои се случуваат во Македонија се разбира дека треба да бидат мирни во духот на изразување на демократските стандарди во нашето општество и да се избегнува насилство затоа што ситуацијата е многу емотивна. Се работи за идентитетски содржини тука, за прашања кои се во сржта на секоја индивидуа и како народ и како држава, изјави поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, во вечерашното гостување во дебатната емисија „24 анализа“ на Телевизија 24.
-Нормално дека тензијата е голема, луѓето се емотивни и излегуваат на протести. Доколку бидат мирни и канално организирани ќе допридонесат да се разбере пораката до актуелната власт, Собранието и да учествува граѓанството преку тие протести во донесување на квалитетна одлука, рече Ѓорчев.
Ѓорчев додаде дека ние во последен момент дознававме од бугарски медиум што е во содржината на францускиот предлог а нашите институции кои беа должни неколку дена да ја информираат македонската јавност.
Ѓорчев потенцираше дека очигледно е тука дека самиот начин на водење на преговорите од македонска страна е обвиен со дел на тајност и ја покажа нискоста на политичката култура. Образецот како граѓаните се однесуваат кон Владата, Собранието и Институциите и интеракцијата од тие институции кон граѓаните е на многу ниско ниво.
-Ние тука треба да бидеме децидни и да стоиме на тоа дека и понатаму треба да продолжиме да ги убедуваме бугарската страна од една едноставна причина ако тие бараат македонските граѓани со бугарска самосвест да влезат како дел од Бугарскиот народ во Република Македонија тогаш како може да го проблематизираат јазикот на мнозинскиот народ кои им дозволува да бидат дел од бугарскиот нардо кој живее во Република Македонија, заклучи Ѓорчев.