– Темата за која разговаравме беше Цар Самоил. Белешките кои ги разменувавме отстапуваа од сето она кое досега е разговарано, а предлог идеите кои беа понудени од високиот функционер на МНР се разликуваат од она што е дискусија водена цела година по тоа прашање. Ги асполвира погледите и ставовите на бугарската историографија и притоа се занемаруваат ставовите на македонската историографија. За моето тврдење постои документација, записниците, а приказната и темата за која говориме е тема долга повеќе од една година, еден ден јавноста ќе види кој какви ставови застапувал, рече Ѓорѓиев.
Тој потенцира дека еден ден тоа ќе го покажат архивите.
– За сите идеи кои ги разменуваме и одлучиме тоа да е став на македонската страна се одлучуваше колективно, а во случајот немаше таков консензус членовите на комисијата имаа две забелешки, рече тој.
Ѓорѓиев ги повика другите членови на комисијата да не виткаат кичма и побара политиката да се тргне настрана од комисијата, бидејќи има сериозни политички притисоци особено од бугарска страна.