Семејствата со принова, од денес па во наредните неколку дена, од страна на општинските служби, во својот дом ќе добијат ваучер од Општината во износ од 6000 денари.

-Доѓањето на новиот член во семејсвото е, и треба да биде најголема радост. Се надевам дека овие парични средства ќе им бидат од корист на родителите за првите потреби кои доаѓаат со новороденчето. Притоа, не е важно дали се работи за првородено, второродено, трето дете итн. Еднократна парична помош ќе има за сите новородени жители на општина Кисела Вода. Им посакувам да се живи и здрави и ветувам дека ќе им обезбедиме најдобри можни услови за нивен раст и развој- порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода ги повикува сите нови родители кои ги исполнуваат критериумите да ја поднесат потребната документација за паричната помош. Процедурата е многу едноставна, а деталите ги има на општинската веб страница на следниот линк:

https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/170-dokumentacija-za-paricna-pomos-za-novorodence