Претседателот Мило Ѓукановиќ рече дека не направил ништо незаконско кога ја основал компанијата надвор од границите на Црна Гора во 2012 година, наведувајќи дека тоа е уште една монтирана афера.

Како што пренесува Радио телевизија Црна Гора (РТЦГ), Ѓукановиќ рекол дека го покажал својот став кон државата во „долги години борба за неа“.

Во Словенија, каде што се одржува Самитот на Европската унија-Западен Балкан, тој одговори на наводите на меѓународните истражувачи за случајот „Пандора документи“.

„Не би имал ништо ново да кажам на оваа тема, во однос на она што го кажав на тимот истражувачки новинари, кои се занимаваа со оваа тема, и соопштението од мојот кабинет по оваа, уште една во низата монтирани афери“, рече Ѓукановиќ.

Според него, станува збор за „уште една конструкција, уште една исконструирана афера“, која, како што рече, треба да служи за домашни политички потреби.

Тој рече дека спорната регистрирана компанија не отворила ниту банкарска сметка и затоа не можела да стори ништо и била затворена многу брзо по нејзиното формирање.

Според него, ниту тој ниту неговиот син никогаш не направиле ништо на штета на државата Црна Гора, за разлика од оние кои, како што рече, „се обидуваат да започнат афера и без аргументи да ме заковаат на столб на срамот“.

Невладината организација МАНС во неделата објави дека Мило и Блажо Ѓукановиќ склучиле тајни договори за управување со нивниот имот во 2012 година, криејќи се зад комплицирана мрежа на поврзани компании од Велика Британија, Швајцарија, Британските Девствени Острови, Панама и Гибралтар.

Според МАНС, Блажо Ѓукановиќ ја искористил таа структура за да формира две скриени компании со компании ќерки во Лондон и Црна Гора