По изборниот пораз, сега се актуелизира и аферата на екс претседателот Мило Ѓукановиќ со манекенката Јелена Шќепановиќ од Никшиќ.

Наводната љубовна врска на Мило Ѓукановиќ со Јелена Шќепановиќ, 23 години помладата манекенка од Никшиќ, се разгоре во 2011 година, а откако поранешниот претседател на Црна Гора загуби на изборите во неделата, темата повторно стана интересна за регионалните медиуми.

Лидија Ѓукановиќ, неговата сопруга, 35 години стои зад својот сопруг, а во јавноста малку се знае за неа.

Сепак, иако е официјална, Лидија очигледно не беше единствената жена во животот на Мило Ѓукановиќ во изминатите години, барем ако им се верува на тврдењата на медиумите.

Медиумите одвреме-навреме го поврзуваа Ѓукановиќ со бројни познати жени од јавниот живот на Црна Гора и Србија, од пејачката Јасна Миленковиќ, до преубавата манекенка Јелена Шќепановиќ.

Тогаш се појавија информации дека Јелена наводно е бремена и поради аферата која крена голема прашина, Јелена наводно се преселила во Рим во поодмината бременост, и тоа на убедување на Ѓукановиќ кој таму и отворил агенција за продажба на авионски билети.

Најмоќниот човек во Црна Гора никогаш не ја коментирал оваа афера, но неговиот кум Горан Ракочевиќ, тврди дека целата приказна е измислена.