Претседателката Гордана Сиљановска Давкова организираше неформална вечера со претседателите на државите кои учествуваат во рамките на Процесот Брдо-Бриони.

Меѓу присутните на вечерата беше и премиерот Христијан Мицкоски.

„Во фокусот на разговорите беа регионалната соработка, добрососедските односи, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан. Дијалогот, меѓусебната доверба и заедничката посветеност се клучни за изградба на стабилен, просперитетен и европски регион“, вели Мицкоски.