Тие ги обвинија локалните власти во Струга дека без срам излегле да се пофалат со својот криминал и да ги измамат граѓаните. Според нив, во Струга главен проблем не се шестте платформи во езерото, туку целосното бетонирање на крајбрежјето.
Секретарот на општина Струга, пред неколку дена призна дека во заштитниот појас околу езерото има 65 дивоградби, додека корумпираниот градоначалник изјави дека нема ниту една дивоградба. Последните недели има најмалку 3 кривични пријави за дивоградби изградени во последните три години во кејот на езерото, од луѓе блиски на Рамиз Мерко и неговата партија. Денешната акција е една медиумска фарса во стилот на Артан Груби, велат од Алијанса за Албанците.
Оттаму бараат одговорност за палењето трска околу кејот предизвикувајќи еколошка катастрофа, непоправлива штета на флората и фауната.
Денес, Мерко призна дека веќе четири години немал план за развој на туризмот за младите и жителите на Струга, најавувајќи дека на крајот на мандатот ќе бара од владата и УНЕСКО да има дадат план. Денешната фарса за отстранување на платформата е нешто познато за ДУИ. Тие секогаш неколку месеци пред изборите глумат решавање на проблемите камуфлирајќи и покривајќи ги проблемите. Се обидуваат да се прикажат дека чистат депонии обидувајќи се да ги маскираат нивните злосторства, со цел да останат на функција и да се вратат во старите методи на управување, со криминал, хаос, диви депонии корупција и лошо менаџирање. Жителите на Струга, не може ниту да ги измамите, ниту да им ја потцените нивната интелигенција“ додаваат од опозициската партија.
Тие порачаа дека на стружани веќе им е јасна разликата на управување со општината од Алијанса за Албанците и ДУИ. Според нив, во октомври нема да помогне, како што велат, ниту тендер коалицијата ниту кражбата на гласовите.