Во инцидент со физичко насилство денеска во Струга настрадал претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани, Ѓорѓи Влајнкиноски. Во моментов се наоѓа во болница.
-Според полициски извори во Струга, Влајнкиноски бил нападнат додека седел во кафуле во овој град. Напаѓачот кој употребил физичка сила е близок роднина на градоначалникот на Вевчани во заминување Сашо Јанковски кој, според очевидци, физички го нападнал претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани како последица на изборната кампањата по која Јанковски заминува од градоначалничката позиција, објави Експрес.
Лицето кое го извршило нападот е шура односно брат на сопругата на Јанковски и важи за еден од најгласните активисти на СДСМ во Вевчани.