Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дрога во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, вчера го лишиле од слобода скопјанецот Г.М.(38).

-По добиени информации дека тој набавува дрога во поголеми количини која ја препакува и ја продава, по добиена наредба од Основен суд Скопје, извршен е претрес во домот во кој живее и помошна просторија-гаража, при што се пронајдени и одземени 13 пакувања кокаин, седум пакувања кристал мет, едно пакување екстази и ќесички со марихуана, како и предмети со остатоци од марихуана, се наведува во соопштението од МВР.

По документирање наслучајот против Г.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.