До крајот на оваа година во Собранието се закажани уште две пленарни седници. На денешната, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе има годишно обраќање, прво по нејзиниот избор за шефица на државата.

Се очекува претседателката да даде отчет за досега сработеното, но и да ги потенцира македонските позиции во однос на евроинтеграциите и воените конфликти во Украина и на Блискиот Исток.

Утре пак е последната седница за поставување пратенички прашања за годинава. Пратениците од опозицијата и од власта ќе можат да го прашаат премиерот и министрите за политиката, економијата, правосудството.