Аеродром во соработка со организациите „За Почиста Македонија“ и „Волонтерски центар – Скопје“ почна акција за темелно чистење на населбата Ново Лисиче. Акцијата ја спроведуваат сезонските работници од Општина Аеродром со поддршка на стотина волонтери од невладините организации и истата вклучува акција за темелно чистење на Ново Лисиче, што опфаќа метење и миење на улиците, собирање на шутот, отпадот и гранките од зелените површини и пешачките патеки.

За да се носи епитетот најчиста и најубава општина, неопходно е редовно одржување на јавните површини и парковите и во остварување на таа цел, потребно е да се вклучуваат сите засегнати страни, локалната самоуправа, граѓаните и приватниот сектор.

Градоначалникот Тимчо Муцунски кој присуствуваше на денешната акција се заблагодари на присутните и партнерите и истакна дека ваквите активности се од големо значење за Општина Аеродром и најави дека инвестициите и активностите за здрава животна средина ќе продолжат и во иднина. Со реализација на оваа акција Општина Аеродром уште еднаш ја потврдува својата посветеност за обезбедување на здрава и чиста животна средина.

Сите заедно се грижиме за одржување здрава и чиста животна средина која е наш приоритет. Со вакви и слични акции продолжуваме и во наредниот период, а комуналните тимови на Општина Аеродром секојдневно се на терен и во континуитет преземаат мерки за чистење на сите јавни површини.