Автомобилите и камперите во бугарското туристичко место Царево завршиле во морето по силното невреме што го зафати и брегот на Црното Море. На социјалните мрежи објавени се снимки како луѓето се обидуваат да ги спасат автомобилите однесени во разбранетото море.

Властите прогласија вонредна состојба во Царево откако реката Велека се излеа од коритата и побараа граѓаните да се преселат на повисоките катови од хотелот.

Во летувалиштето Синеморец прекинато е снабдувањето со електрична енергија, а помалото село Кости е евакуирано.