Историски избори вчера во Германија каде Шолц е најголем губитник е се уште актуелниот канцелар. Лидерот на социјалдемократите Шолц по лошиот изборен резултат изјави дека ниту ќе учествува во преговорите со демохристијаните, ниту пак ќе биде дел од новата влада. Ја презеде одговорноста и порача дека ќе ја извршува функцијата до последниот ден.

„Ова е горчлив изборен резултат за Социјалдемократската парттопија. Тоа е исто така изборен пораз. Овој пат резултат е лош и за тоа во овој момент сакам да кажам дека јас сносам одговорност“, изјави Олаф Шолц германски канцелар.

Светските лидери со честитки за победата на Мерц кој настојуваше да добие силен мандат за да формира влада само со уште една партија, но сега ќе мора да бара поширока коалиција. Притоа, тој не мора да се потпре на Зелените, бидејќи новоформираната партија БСВ, предводена од поранешната лидерка на Левица Сара Вагенехт, не успеа да го помине прагот од 5% за влез во парламентот. Преговорите за новата германска влада може да траат со месеци, а не е исклучена ниту можноста за нови избори.

Во Германија ќе мора да има широка коалиција: Со исклучувањето на АФД, Мерц ќе мора да коалицира со повеќе партии

Ден по историските избори во Германија и победата на кандидатот на Унијата за канцелар Фридрих Мерц веќе се прават калкулации за нова влада. Формирањето најверојатно ќе стане многу тешко откако ЦДУ/ЦСУ освои помалку од 30 насто од гласовите, а во самиот старт стана извесно дека Мерц нема да коалицира со екстремно десничарската Алтернатива за Германија, која заврши на второто место со 20 насто од гласовите.