На 06.04.2022 во 23,00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров Р.В.(33) од Скопје пријавил дека на подрачје на Ѓорче Петров настанал пожар во неговото патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а повредени лица нема.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.