Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 3.1 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала бил почувствуван ноќеска од населението во Ресен, Дебар и околината.

Според Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, земјотресот регистриран 115 километри југозападно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Дебар, се случил во 23 часот и 49 минути.