Во моментов град Скопје не должи никому. Имаме долгови во јавните претпријатија , конкретно во ЈП Водовод и канализација – Скопје имаме долг кој што е преполовен . Должеше 33 милиони евра , сега е намален за повеќе од половина. ЈСП имаше сериозни долгови . Во моментов со домаќинско работење вкупниот долг на јавните претпијатија го сведовме на 40 милиони евра, а беше 300 милиони. Имаме финансиска дисциплина, средствата се прибираат и се чистат долговите, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во емисијата Утринско еспресо на Радио Лидер.
Во однос на капиталните расходи првиот човек на град Скопје изјави дека се многу поголеми од претходните години
Во првите три квартали капитални инвестиции имаме три пати повеќе од било која година споредбено од деведесетите години па се до денес , споредбено со било кој градоначалник, кажа Ѓорѓиевски.
Во однос на водата – 60 проценти од водата која доаѓа се губи , Злоупотребата доаѓа од руралните средини и повторно со инспекциски служби го регулираме тоа во изминатиот период . Ќе дадеме се од себе да го намалилиме. Имаше околку 1000 дефекти кои сега драстични с се намалени. Има и стара и дотраена мрежа која треба и започнавме дел да менуваме. На повеќе позиции делуваме да ги намалиме загуубите на вода, рече Ѓорѓиевски.
